Живот без бариери во сите сфери на живеењето, еднакви права и можности побараа денеска лицата попреченост на манафистацијата што се одржа во рамки на проектот „ЕДНАКОВ ПРЕДИЗВИК “.
Бранкица Димитровска, од Здружението Хендикеп Плус рече дека на лицата со попреченост државата не треба да се сеќава само на овој денешен Меѓународен ден за лицата со попреченост – 3 декември. Еден ден во годината, рече таа, не е доволен да се направи нешто повеќе за овие лица.
Ние сакаме, подвлече Димитриевска, за лицата со попреченост да се зборува цела година и секој ден во гоидината да се прават напори да се унапредуваат нивните права и за нив да се создаваат еднакви можности. За оние лица, потенцира, не треба да се говори што не можат, туку што можат.
Овие лица бараат и државата одлуките што се однесуваат на нив, да не ги носат без нивно учество, затоа што тие најмногу знаат што им треба. Знаеме, рече Димитриевска, дека државата има и други предизвици со кои се соочува, но мислиме дека доколку посветено и заедно се работи може многу да се направи.
На манифестацијата се обрати и министерот за култура Хусни Исмаили. Тој истакна дека согласно со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост сите имаме обврска да обезбедиме еднакви можности сите да можат да го оставарат својот сон и да го работат она за што се најталентирани.
Настанот го организираше Здружението Хендикеп Плус заедно со Музичката продукциска куќа АРП во рамките на проектот „ЕДНАКОВ ПРЕДИЗВИК “, финансиран од Министерството за Култура.