Македонија во Белград ќе се тестира со Кувајт

Македонската машка ракометна репрезентација која ќе настапи на завршницата од Европското првенство на почетокот од јануари идната година ќе се подготвува под палката на селекторот Данило Брестовац со одигрување на повеќе контролни натпревари, наместо само тренинзи. Со ваквиот метод на подготовки Брестовац сака сите играчи во натпреварувачки ритам да го дочекаат стартот на евро-шампионатот, каде Македонија ќе игра во групата во Австрија со домашната селекција и државните тимови на Чешка и Украина.

За таа цел закажани се две нови пријателски средби со Кувајт во Белград, пред заминување на Македонија во Романија каде ќе учествува на „Трофеј Карпати“. На овој турнир „црвено-жолтите“ силите ќе ги одмерат со домаќинот Романија, Србија и Алжир.

 

Треба да знаете
Последни објави