Професорката Фиона Виоти (30) спиела со тинејџери од колеџот Бишоп Дајоцесан во Кејптаун меѓу 2013 и 2019 година, потврди истрагата. Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужна Африка имала сексуални афери со најмалку петмина ученици, пренесоа локалните медиуми.
Сексуалниот скандал го открил 18-годишнен ученик, тврдејќи дека бил во интензивна врска со неа и дека таа започнала да врши притисок кога тој сакал да се разделат.
„Најпрво, тој се согласил на сè, но станал жртва кога не било возможно да се разделат. Професорката првично му праќала пораки да се најдат во нејзиниот дом, но дошло до ниво кога му станало доста од сè“, изјавил родител на ученикот и додал дека во тие момент професорката не сакала да го остави на мира, па на крајот отишле кај директорот.
Фиона ја искористила можноста да ги заведе тинејџерите и како тренер на ватерполо тимот на училиштето, а одеднаш во октомври се повлекла, неколку дена пред обвинувањето да излезе во јавност. Приватните детективи ангажирани од училиштето откриле дека таа била насочена кон полнолетни ученици најмалку шест години, пред и после бракот со инвеститорот Пав Виоти (32).
Пронајдени се и нејзините експлицитни снимки кои кружеле низ училиштето и на интернет, но не е открино кому му ги праќала.
Професорката претходно се бевела и со манекенство, а нејзини фотографии биле објавени и во „Спорт илустрејтед“.
Нејзиниот дедо бил директор во престижното јужноафриканско, инаку христијанско училиште, додека нејзиниот татко, исто како неа, предавал историја таму.
Според извештаите на локалните медиуми, дисциплинска постапка нема да биде покрената затоа што таа веќе се повлекла, но малку е веројатно дека некогаш ќе може да предава.
Адвокатот на Фиона изјави дека неговата клиентка оди на сесии кај психијатар.