Алијансата за Албанците започна состаноци со граѓаните за да ги слушне нивните грижи и предлози

Алијансата за Албанците започна состаноци со граѓаните за да ги слушне нивните грижи и предлози, со цел одблизу да се запознае со нив.

Конвојот на Алијансата ги започна овие состаноци од селата на општина Липково, како Никуштак, Хотла, Виштица и Ропалце.

Села зборуваше за политичката актуелност, повикувајќи ги жителите од овaa област да го поддржат неговиот субјектот, затоа што според него, тие се гаранција што може да донесе промена во земјата.

„Вистинската опозиција не е Алијансата, туку секој граѓанин кој не е дел од владата. Нашата цел е да го направиме секој Албанец победник. Ние не бараме власт затоа што убаво зборуваме, туку затоа што сакаме со потполна одговорност да раководиме и да одговориме за нашите дела. Ние сме подготвени да преземеме одговорност. Ние сме подготвени и правиме напори да ја гарантираме победата заедно со другите субјекти “, рече лидерот Зијадин Села.

Во придружба на генералниот секретар Арбен Таравари, потпретседателот Елми Азири и претседателот на Политичката Академија Халил Снопче, на овие состаноци се дискутираше и дебатираше со жителите исто така придружувани и од новоизбраниот претседател на Младинскиот Форумот, Омер Ајдини, кој доаѓа од селото Никуштак.

Ајдини ги повика сите млади да се приклучат на Алијансата за Албанците, за да заедно со младите на ФРАШ, да се донесе промена, според него, неопходна за да се запре испразнувањето на домовите и училиштата.

 

Треба да знаете
Последни објави