Рочиштето за Рекет продолжи по извршениот преглед врз Боки 13 од екипа од Итната помош, која даде зелено светло за да продолжи судењето.
-Боки има крвен притисок 140 со 110, се жали на болки во абдомен, но мислам дека е последица на стрес па му дадовме Дијазепам. Мое мислење е дека ќе може да го следи судењето, рече дежурниот лекар од Итната помош.