Добрата форма на напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Лаутаро Мартинез го натера неговиот сонародник Хуан Верон да упати пофални зборови на негова адреса. Поранешниот аргентински репрезентативец смета дека напаѓачот на Интер собрал во себе некои од квалитетите на неколку искусни стрелци, кои го носеле тимот на „албиселесте”.
– Лаутаро има нешто од Габриел Батистута, Серхио Агуеро и Хернан Креспо, рече Верон за „Газета дело дело”.
Од почетокот на сезоната, Мартинез може да се пофали со 13 гола на 19 натпревари во „нероазурите”.
– Јас не сум волшебник, да разјасниме. Лаутаро е таков, затоа што е одличен. Исто беше и во Аргентина, сега е во Италија. Сепак, невозможно е да се спореди со само еден фудбалер. Во неговата игра гледам нешто од движењето на Агуеро, особено кога екипата напаѓа. Во исто време, Мартинез има сила на удар како Батиста и е искусен во шеснаесетникот како Креспо. Тој е секогаш во можност да биде на вистинското место во вистинското време, продолжи Верон.
Иако има 22 години, според поранешниот играч на Парма и Лацио, тој, исто така покажува силен карактер.
– Внимателно гледајте ги неговите потези и ќе забележите колку работи тој навистина прави. И скоро во сите нив е на ниво, заклучи Аргентинецот.