Во Ирак е заробен Шакер Саба ал-Бадри, попознат како Ибн Халдун, братучед и воедно заменикот на Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на терористичката Исламска држава, кој беше убиен во октомври, пренесе Тасс, повикувајќи се на локалните медиуми.
Ибн Халдун се смета за „воениот емир” на ова терористичка организација, кој се занимавал со разузнавачка активност во Исламска држава.
Неговиот братучед Ал-Багдади беше ликвидиран претходно, откако специјални единици на американските „Делта форс” упаднаа во неговата резиденција во североисточниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција.