Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан, може да го напушти Торино во зима, пренесува „Калчомеркато”. 25-годишниот германски репрезентативец е во фокусот на Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед. И Пари Сен Жермен ја следи ситуацијата со поранешниот играч на Ливерпул, кој се приклучи на редовите на „старата дама” пред една година.
Играчот од средниот ред досега одигра 6 натпревари за Јувентус оваа сезона, но е отстранет од списокот со 25 играчи за Лигата на шампионите.
Порталот transfermarkt.de го проценува Џан на 33 милиони евра. Договорот на фудбалерот со клубот од Торино е до 30 јуни 2022 година.