Една од sвездите на Тотенхем, Кристијан Ериксен му споделил на менаџерот Жозе Мурињо дека нема да потпише нов договор, откако е заинтересиран за евентуален трансфер во Манчестер Јунајтед.
Според „Атлетик”, „петлите” ќе бараат околу 25 милиони фунти за данскиот репрезентативец преку зимскиот преоден рок, а неговиот договор ќе истече на крајот на сезоната.
Минатото лето „црвените ѓаволи” и Реал Мадрид беа силно поврзани со Ериксен, но Тотенхем не ги доби бараните 70 милиони фунти за него.
Италијанскиот првак Јувентус исто е заинтересиран за играчот од средниот ред.