– Камала Харис, учесничка во трката за номинацијата на претседателски кандидат од Демократската партија, најави крај на својата кампања.
Во соопштение на Твитер таа денеска укажа дека „иако не сум повеќе во трката, ќе напраам се што е во моја моќ да се порази Доналд Трамп”.
-Ќе се борам за иднината на нашата земја и за истакнување на најдобрата страна од нас. Знам дека и вие ќе го правите тоа. Затоа ајде да го направиме заедно, напиша таа.
Во електронската порака таа посочува дека нејзината кампања била финансиски исцрпена за да остане во трката.
Во третото тримесечје од годината сенаторката од Калифорнија беше зад Берни Сандерс и Пит Бутиџиќ по обемот на собрани кампањски средства во предизборната борба за претседателски кандидат.