Снимка од леопард кој напаѓа домашно куче пред врата на една куќа во индискиот град Шимла стана вирален хит на социјалните мрежи. Нападот е регистриран од надзорна камера и ја прикажува борбата за живот и смрт меѓу двете животни.
Видеото покажува како леопардот се качува по скалите и влегува во куќата каде пред една од вратите спие куче миленик.
Снимките предизвикаа паника кај населението и многумина го сожалија питомото куче.
За среќа, лабрадорот Џеки преживеал, но претрпел длабоки рани нанесени од челуста и шепите на дивата мачка.
Кога леопардот се задал кон кучето и двете животни удриле во вратата, а сопственикот на станот ја слушнал вревата и цвилењето на кучето. Тој веднаш ја отворил вратата, а дивата мачка се обидела да го однесе неговиот миленик.
Сепак, леопардот не успеал во тоа и мажот успеал да го избрка.
Она што е неверојатно е дека кучето нема рани или повреди на вратот, бидејќи не дозволило леопардот силно да го зафати таму.
И покрај нападите и траумата, Џеки сега е добро, тој е весел, игра и ги брка мачките и птиците како и обично.