Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е оптимист пред самитот на НАТО, и покрај недоразбирањата меѓу членките за состојбите во Алијансата.
-Разговорите што ги имавме со турскиот претседател покажуваат дека секогаш се добри состаноците на кои можеме да се занимаваме со овие теми, рече Меркел по средбата со претседателите Реџеп Тајип Ердоган и Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, пренесоа британските медиуми.
„Покрај сите разлики меѓу членките за кои мораме да разговараме треба да разговараме и за иднината на НАТО и нашите заеднички стратешки интереси. Од состанокот заминувам релативно оптимистична”, додаде канцеларката Меркел.