Меси има разбирање за Роналдо оти не дојде да го види со шестата „Златна топка“

Еден од најдобрите фудбалери во светот, капитенот на аргентинската репрезенартција и на шпанскиот првак Барселона Лионел Меси во Париз по шести пат ја крена „Златна топка“. Во трката за најдобар играч на светот во организација на „Франс фудбал“ зад себе ги остави Вирџил ван Дајк од редовите на актуелниот европски првак Ливерпул и лутиот ривал кога станува збор за распределба на поединечните признанија Кристијано Роналдо од Јувентус.

Токму Португалецот Роналдо со кого Меси до пред синоќешното прогласување имаа по пет трофеи „Златна топка“ не се појави во Париз, што ги разгневи љубителите на фудбалот. Роналдо решил да остане во Италија, каде што доби наградата за најдобар фудбалер во Серија А за минатата сезона.

-Не мислам дека Роналдо не беше во Париз на церемонијата затоа што знаел дека нема да ја добие наградата, одговори Меси на новинарските прашања поврзани со недоаѓањето на лутиот ривал.

Треба да знаете
Последни објави