Поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на камиони на патот од Маврово кон Дебар, како и на патот од Гостивар кон Кичево.
„Поради врнежи од снег во 18.20 часот од превентивни причини се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и патен правец Гостивар-Стража-Кичево“, соопшти АМСМ.