САД планираат контрамерки на дигиталните царини во Франција

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе дополнителни царини на увоз на француски производи во вредност од околу 2,4 милијарди американски долари, како одговор на француските зголемувања на даноците за американските технолошки гиганти како Google, Amazon и Facebook.

Властите во САД најавија дека планираните тарифи ќе опфаќаат широк спектар на производи, од сирењето „Рокефорт” до женти чанти.

Американски официјални лица ги оправдаа предложените мерки на ставот на САД дека новите француски даноци на дигиталните производи, кои во некои случаи достигнуваат 100 проценти, ги дискриминираат американските компании.

Стопанската комора на САД ќе прифати коментари на јавноста за предложените мерки до 6 јануари, додека за мерките ќе се расправа на 7 јануари.

Франција силно се залагаше за воведување дигитален данок во сите земји-членки на ЕУ, но наиде на отпор од Ирска, Данска, Шведска и Финска.

Треба да знаете
Последни објави