САД, како и Русија, сакаат да склучат договор за контрола на вооружувањето, но и да ја привлечат и Кина кон тој договор сега или во некоја подоцнежна етапа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од британските медиуми.
-Треба да кажам, Русија сака да склучиме договор за контрола на вооружувањето . . . Русија многу сака да постигнеме договор за контрола на нуклеарното оружје, изјави Трамп, кој е во Лондон, каде учествува на јубилејниот самит на НАТО.
„Сигурно е, исто така, дека во договорот ќе ја вклучиме и Кина. Можеме да ја вклучиме подоцна, а можеме и сега”, дополни американскиот претседател.