СДСМ преку конкретни мерки и реформи покажува што значи вистинска грижа за земјоделството, враќање на достоинството на земјоделците и унапредување и градење на конкурентно производство.
Инвестираме во еднакви можности за сите земјоделци и земјоделки.
Преку Програмата за рурален развој креираме мерка за жените од руралните средини, со којашто ќе ги поттикнеме да се занимваат со земјоделство, а со тоа подеднакво ќе придонесат во развојот на овој сектор.
Објавен е Јавен повик за доставување на барања за мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство”, од Програмата за рурален развој за оваа година.
Максималната финансиска поддршка е во износ од 180.000 денари или 3.000 евра во форма на грант.
Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Основата цел на мерката е да ја подбриме економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени и крајно да придонесеме за вреднување на трудот на жените земјодели.
Според регистарот во Министерство за земјоделство, шумарство и водостапнство во моментов регистрирани се околу 170.000 земјоделци, од кои само 37.186 или 21,7 отсто се жени. Наша задача и обврска е да создадеме услови за зголемено учество на жените во агросекторот и да им помогнеме на жените земјоделки да го реализираат својот потенцијал, и очекуваме дека со оваа мерка тоа ќе го постигнеме.
Секторот земјоделство е важна алка во македонската економија.
Земјоделството учествува со околу 10% во националниот бруто- домашен прозивод и во него работи околу 17% од работната сила во земјата, а од нив само една третина се жени.
Токму затоа ќе продолжиме да бидеме силен мотив, и преку квалитетни програми и мерки ги мотивираме жените да аплицираат за искористување на средства од Националните и од ИПАРД Програмите да реализираат инвестици преку кои ќе се развива агро – секторот.
СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и земјоделките.
На прав пат сме.