Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Чиле, соопшти Американскиот геолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 32 километри и 34 километри југозападно од градот Арика.
Се уште нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.