Гостите во скопскиот ресторан „Еквилибриум“ вечерва имаат задоволство, освен во врвната кујна да уживаат во друштвото на познатите лица од македонската естрада кои во хуманитарни цели ги служат присутните.
Еквилибриум и годинава, по трети пат организира хуманитарна вечер чија цел е собирање на пари за тие на кои најмногу им се потребни.
Вечерва, по повод 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во ресторанот познатите ги служат гостите во ресторанот.
https://youtu.be/O6vpk5S0cgE
На хуманитарната акција се одзваа Елена Ристеска, Дани Димитровска, Ѓоо Таневски, Билјана Петровска, Горан Наумовски R’N’C, Љупчо Чедомирски SAX, Панчо DNK, Владимир Дојчиновски Дојчин, Јелена Спенџарска, Димитар Атанасовски и Маја Глигорова.
https://youtu.be/LLXOZIVqZIk
https://youtu.be/QkbY8ELkumQ
Целиот бакшиш, како и 20 отсто од прометот Еквилибриум ќе го донира во мали групни домови за деца со посебни потреби.
https://youtu.be/1HRwQWjyq-M
https://youtu.be/ICUZcbLT_Cc
Фото: Слободан Ѓуриќ