Хуманитарна помош од 3.716 ќебиња за настраданите во земјотресот во Драч и околината

Министерството за одбрана предложи, а Владата на денешната седница прифати да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, што се состои од 3.716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди градот Драч и околината.

Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, владата денеска ја одобрила и постапката за преговори за потпишување Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за отворање нов заеднички Граничен премин „Лојане-Миратовац”.

На владината седница била усвоена и информацијата за потпишување Договор за грант за набавка на музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална
опера.

Треба да знаете
Последни објави