Британски модни награди: Ријана во фустан во боја на мента се појави во друштво на позната актерка

На годинашните Британски модни награди доминираше Ријана (31) во гламурозен фустан во боја на мента, а друштво ѝ правеа актерките Кејт Бланшет (50) и Џулија Робертс (50).
Таа носеше фустан од својата најнова колекција „Фенти“, кој го комбинираше со капут и нараквици од тил во иста боја и со сатенски сандали.Косата  ѝ беше во плетенки и носеше дискретни дијамантски обетки. А под нараквиците имаше огромен дијамантски прстен.
Кејт Бланшет (50) се појави во сребрен фустан од „Армани приве“ што беше голем бум на црвениот килим. Нејзиниот фустан го креираше Џорџо Армани (85), кој се појави на црвениот килим заедно со неа.На оваа модна манифестација се појави и еден од најпопуларните модели на светот, Ирина Шајк (33), која блескаше во долг, сив, елегантен фустан кој совршено  одговара на нејзиното тело. Таа не ја симнуваше широката насмевка од лицето, која можеби ја одразува добросостојбата во нејзиниот љубовен живот.

Треба да знаете
Последни објави