Стотици мигранти сместени во импровизираниот камп „Вучјак“ кај Бихаќ се смрзнуваат од студ веќе неколку недели, но откако падна снег во БиХ може да се создадат дополнителни проблеми. „N1 Сараево“ известува дека некои шатори се срушиле под тежината на снегот, а мигрантите го дочекале во влечки.
Mnogi migranti u improviziranom kampu Vučjak prvi ovosezonski snijeg dočekali su u papučama pic.twitter.com/284XaVInkL
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) December 3, 2019
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, го посети кампот „Вучјак“ кај Бихаќ, каде што престојуваат илегални мигранти. Таа се увери дека условите во кои живеат таму се катастрофални и предупреди дека импровизираниот прифатен центар треба веднаш да се расформира.
Snijeg i led prekrili migrantski kamp Vučjak pic.twitter.com/OWePwbcHaf
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) December 3, 2019
Комесарката на Советот на Европа во „Вучјак“ беше пречекана од стотици замрзнати мигранти кои ноќта ја минале под шатори покриени со снег, без греење, вода и електрична енергија.
Некои од нив имаа само летни обувки или пластични влечки на нозете. Опкружувајќи ја комесарката Мијатовиќ, тие гласно извикуваа дека мора да им се помогне затоа што не можат да останат тука.
Сето тоа се одвивало со зголемено присуство на полицијата и ситуацијата на моменти била многу напната.