По повод Меѓународниот ден на инвалидите 3- ти декември, Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски го посети ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНВАЛИДИ НА ТРУДОТ НА ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИОНЕРИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА БУТЕЛ.
По тој повод претседателот на здружението Велибор Ристиќ, му се заблагодари на градоначалникот за континуираната заложба и поддршка на овие лица кои бројат околу 600 лица на територија на општина Бутел.
Градоначалникот Велимир Смилевски на присутните им посака добро здравје, радост и мирни пензионерски денови.