„Сигурно е дека не очекува тежок процес, па ќе го видиме понатамошниот резултат. Јас не можам да кажам кој е интересот кога ќе речете „хомосексуалецот да умре“, не знам кој го прави тој линч. Правото и утврдувањето на доказите треба да бидат во судница и доказите треба да се оценуваат во судница а не на прес конференции. Бојан Јовановски не тврди дека зел пари и немам поим какви докази има во усб стикот. Тоа е усб-стик со сериозни докази. Што се однесува до снимките кои ги најави Јовановски, тие ќе бидат презентирани, ќе ги видите“, истакна Дуковски.