Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун ги пофали перформансите на пилотот на Ферари, Шарл Леклер, за кого смета дека е предодреден да победува во следната деценија.
– Најпозитивниот момент на настапот на Ферари оваа сезона е без сомнение Шарл Леклер, кој ја помина само втората сезона во Формула 1 и прва во врвниот тим. Победи двапати, беше седум пати на пол-позицијата и на десет трки заврши на подиумот. Неговиот талент е неспорен. Едноставно е осуден на големи резултати во следната деценија, изјави Браун.
Се разбира, тој сè уште има простор да расте, но ова е природно. Беше јасно дека Леклер ќе стори се за да изврши притисок врз Фетел. Ова го потсети Себастијан на она што му се случи пред пет години кога Даниел Рикиардо беше негов партнер во Ред Бул, додаде првиот оперативец во Ф1.
Леклер на крајот на сезоната го зазема четвртото место во генералниот пласман, пред клупскиот колега Фетел, кој се најде на место подолу.