Францускиот претседател Емануел Макрон пред Самитот на НАТО во Лондон изјави дека Франција нарачала шест нови патролни чамци за надгледување на нејзините прекуморски области (француските територии надвор од Европа), тврдејќи дека таа земјата е лидер во поморството во Европа, јави дописникот на МИА.
– Ние се стекнавме (со овие шест нови бродови) неспоредлив капацитет, што никогаш не го имавме на поморски план за да ги заштитиме нашите простори и да ја преземеме оваа улога на поморска сила на рамнотежа, наведе Макрон.
Тој додаде дека „Франција е втора најголема поморска сила во светот” и „водечка поморска сила во Европа”.
Макрон истакна и дека побарал една француска фрегата постојано да ги следи француските бродови и да организира европско присуство во Ормутски Теснец, без да се нарушат европските трговски текови.