Македонското друштво „Илинден” – Тирана, од името на Македонците што живеат во Албанија упати телеграма со сочувство и подршка до албанскиот претседател Илир Мета, во која се искажува и солидарност со настраданите.
-Во мое лично име, во име на македонското здружение „Илинден” – Тирана и на македонското национално малцинство во Република Албанија, Ви упатувам искрено и длабоко сочувство до Вас и до семејствата на починатите. Во исто време испорачувам желби за што побрзо закрепнување на повредените,стои во телеграмата, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Се искажува жалење за жртвите и за големата матерјална штета предвикана од разорниот земјотрес, што земјата ја погоди утрото на 26 ноември.
-За жал природните непогоди не можат да се контролираат и честопати ни кажуваат колку е кревок човечкиот живот и колку е ранлив модерниот свет. Сигурен сум дека овие тешки моменти ќе бидат надминати и уште еднаш изразувам поддршка и охрабрување за надминување на оваа криза. Во овие тешки моменти срцата на македонското национално малцинство во Република Албанија се со вас, стои во телеграмата.
Македонското друштво „Илинден” веднаш по катастрофалниот земјотрес изрази жалење за згубените животи и упати апел до Македонците во Албанија и надвор од неа, да се солидаризираат и да покажат хуманост со настрадани под мотото : Биди хуман! Секому може да му се случи!
Македонците од Пустец и Голо Брдо масовно се оѕваа во собрањето хуманитарна помош за настаданите, во прехрамбени арткли, вода, средства за одржување на хигена, ќебиња, како и финансиски средства. Градоначалнкот на Пустец Пали Колефски ја донираше ноемвриската плата, а 100.000 леки и црквата во Пустец.