Македонската фудбалска селекција до 19 години, која неодмна избори пласман во втората фаза од кивалификациите за ЕП-2020 и е во исчекување на своите противници, што ќе се случи наскоро, ги дозна своите ривали за новиот кваилфикациски циклус за пласман на ЕП 2021.
Во првата фаза од новите квалификации за ЕП 2021надежите до 19 години ќе играат во групата 5 со соодветните селекции на Чешка, Данска и Албанија. За да се помине првиот квалификациски филтер треба да се пласираат на првите две позиции во групата или да бидат најдобра третопласирана во сите групи за да обезбеди повторно место во елитните квалификации. Евро 2021 ќе се игра во Романија, а домаќин на првата квалификациска рунда ќе биде Чешка.
.