Во средно училиште во предградието на Милвоки, полицаец пукал во вооружен ученик кој вперил пиштол кон него, соопшти полицијата.
Притоа е ранет 17-годишен ученик во средното училиште „Вокиша Саут“ кој е уапсен. Неговата состојба е стабилна и никој друг не е повреден во инцидентот, изјави шефот на локалната полиција Расел Џек.
Сè се случило кога еден ученик му кажал на училишниот полицаец дека неговиот другар има пиштол, а наскоро пристигнала и полицијата.
Џек не прецизирал дали другите ученици биле во училницата во моментот на инцидентот, пренесува АП.
Полицијата соопшти дека инцидентот бил изолиран инцидент и дека не трагаат по други осомничени.