Во Кривичниот суд во Скопје со доцнење од еден час почна судењето за предметот Рекет. Рочиштето доцнеше бидејќи првообвинетиот Бојан Јовановски беше донесен покасно и во видно изнемоштена состојба. Тој беше придржуван од двајца полицајци додека не седна на обвинителната клупа. Боки 13 не го упати погледот кон Јанева нити кон Милески. Дополнително камарманите скина еден од каблите кои обезбедуваат аудио звук во собата за новинари.
Катица Јанева и Зоран Милевски беа донесени со полициска придружба од домашен притвор.
Во судницата беше присутен и синот на Јанева.
Затворскиот лекар испратил допис до судот дека Боки не е во состојба да присуствува на судењето. Тој два пати бил сведок како притвореникот бил во животно загрозувачка состојба.
Сакам активно да учествувам во расправата, но не можам. Терапијата која треба да ја добијам според новатаа дијагноза не ја примам. Повраќам од сабајле и не сум во можност да го следам судењето. Инсистирав да дојдам за да не мисли јавноста дека сакам да го избегнам судењето, рече Боки.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека и под кривична одговорност тврдидека не му е давана терапија.
Обвинитеклата Вилма Рускоска, пак, не се согласи да се одложи судењето со констатација дека штом од болницата 8 Септември го пуштиле значи дека е во добра состојба.
Судијката даде половина час пауза за да лекарска екипа го прегледа Боки за да даде мислење дали може да го следи судењето.
Игор Шегавиќ
фото:Слободан Ѓуриќ