Татиниот асистент, Христијан Мицкоски, под притисок на јавноста се обиде да се оправда за своите лаги дека магистрира и докторирал во Италија и Германија, но дополнително се заплетка. На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски рече дека бил стипендист на италијанската влада, дека таму поминал магистратура а докторат во Германија. Вчера, од белиот дворец Мицкоски рече дека не е така. За Мицкоски е нормално да лаже за сопственото образование. Може само да замислиме колку лаже за политика. Мицкоски го потценува Универзитетот Кирил и Методиј.
Или се срами што станал асистент кај својот татко на Машинскиот факултет? Ваквото лажно однесување на Мицкоски е многу лош пример.
Каква порака им праќа Мицкоски на младите? Човек кој станал асистент кај сопствениот татко, кој научните трудови ги пишувал заедно со татко му ги лаже граѓаните за своето образование, го омаловажува Универзитетот Кирил и Методиј. Затоа младите не му веруваат на Мицкоски и затоа младите на 12 април ќе бидат предводници во победата над погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски.