Средства за субвенции за купување возила што беше најавено за следната година, во буџетот не се предвидени. Работна група што била формирана и го разглеудвала ова прашање одлучила средствата да се алоцираа таму каде ќе дадат најдобар ефект.
Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за проектот „Купи куќа, купи стан”, најавувајќи дека наскоро ќе биде соопштено повеќе за Законот за данок на моторни возила кој е усвоен од Владата и за други мерки што се во насока на намалување на аерозагадувањето.
-Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадата најдобриот резултат.
Таа додаде дека аерозагадувањето е еден од приоритетите на Владата и дека во буџетот има повеќе мерки што се вградени во најразлични министерства.
-Програмата во Владата е 100 милиони, во Министерството за животна средина има 70 милиони што се повеќе за 20 милиони од минатата година, за субвенции за инвертери што треба да започне и се предвидени 620 милиони денари и во Министерството за економија за субвенциите за вградување плински уреди за што се предвидени 18 милиони денари и на ова го додаваме и новиот закон за данок на моторни возила во насока на намалување, за кое данокот ќе се определува по однос на вредности по однос на загадувањето, како и гасификацијата 1,1 милијарда денари. Ова се мерки што се вградени во буџетот, потенцира министерката Ангеловска.