Неколку либански војници беа повредени кога демонстрантите ги гаѓаа со камења на автопат јужно од Бејрут.
Либанската армија соопшти дека еден од демонстрантите во градот Намех пукал со пиштол. Војниците потоа пукале во воздух за да ги растерат демонстрантите, објави АП.
Од 17 октомври, низ Либан се одржуваат протести поради лошата економска состојба и распространетата корупција.
За време на протестите, демонстрантите честопати затвораа патишта за да извршат притисок врз политичарите да одговорат на барањата за нова влада по оставката на премиерот Саад Харири, пренесува АП.