Финскиот премиер Анти Рине поднесе своја оставка и оставка на неговиот кабинет, соопшти кабинетот на претседателот.
Рине, кој е под притисок да си поднесе оставка поради начинот на справувањето на неговата влада со дводневниот штрајк на вработените во финската пошта, оставката ќе ја предаде на претседателот Саули Нинисте, пренесува „Ројтерс“.
На крајот на ноември, министерот за јавни компании Сирпа Патеро поднесе оставка поради лошото справување со проблемите во поштата што доведе до неколку штрајкови.
Илјадници поштенски работници излегоа на штрајк поради работните услови, а им се придружија и вработени во други сектори.