Пензионер од Јапонија бил уапсен за „телефонски тероризам”, откако 24.000 пати се јавил на бесплатната линија за препораки, жалби и пофалби на телефонскиот оператор КДДИ.
Официјалната причина за апсењето гласи: Измамничка опструкција на бизнисот.
Тој, имено сметал дека компанијата го нарушила договорот со него и настојувал да дојдат да му се извинат. Но, веднаш откако ќе кажел што го мачи, 71-годишниот старец ја спуштал слушалката.
Јапонија сè почесто се соочува со проблематично, нелогично или опасно однесување на повозрасното население.