Китановски го напуштил Кукс по серијата земјотреси во Албанија и не се враќа назад

Македонскиот фудбалски интернационалец Томе Китановски го напуштил албанскиот Кукс после катастрофалниот земјотрес што го погоди Драч и околината. Заминувањето на Китановски во албанските медиуми е објавено како старв да не се повтори серијата земјотреси која изминативе десетина дена го тресеше западниот сосед.

Китановски во Кукс дојде  во летниот преоден рок од азербејџански Сабаил. Во Кукс каде тренер е  Шпетим Дуро, поранешниот стратег на тетовска Шкендија беше стандарден. Одигра 13 натпреаври сезонава. Но, според „абцњус“ од Албанија, во Кукс се изненадени кога добиле информација дека битолчанецот нема намера повеќе да се враќа во нивните редови. Тој на својот доскорешен клуб  бил подготвен да му ги прости сите финансиски долгови што ги имал кон него, за да ја прекинат соработката и да добие раскин на договорот, за да си побара нов ангажман.

Китановски е роден во Битола, негов матичен клуб е Пелистер, каде играше од 2010 до 2013 година, по што почна интернационална кариера во Универзитатеа Крајова (Романија), Вождовац и Младост Лучани (Србија), Истра и Славен Белупо (Хрватска) и азербејџански Сабаил. Има шест настапи за младинската селекција на Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави