Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва (19 ч.) во салата во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека Нови Пазар во меч од 10. коло во регионалната АБА2-лигата. Тимот од Аеродром кој нанижа две последователни победи во ова натпревaрување има за цел да нареди и трет триумф и да се осамостали на втората позиција на табелата каде сега има ист број бодови со Сутјеска, но има и натпревр помалку. Со нов успех МЗТ Скопје ќе остане најсериозен конкурент во трктата за првото место со Борац Чачак.
– На гости ни доаѓа искусен противник, кој на последните пет средби постигнува 90 и повеќе поени. Клуч на нашата евентуална победа сигурно ќе биде колку добро одиграме во одбраната. Мислам дека добро ги спремивме кошаркарите за оваа пресметка и со максимална ангажираност и помош од трибините се надевам на позитивен исход, изјави Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ.