Русија нема да се приклучи во трката за вооружување со НАТО, дури и Алијансата да ги зголеми своите воени трошоци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека европските сојузници и Канада од 2016 година ги зголемиле своите воени трошоци за 130 милијарди долари.
Песков рече дека зголемувањето на трошоците на Алијансата за војската ја зголемува загриженоста на Кремљ.
Тој додаде дека Русија нема да се вклучи во „трката за наоружување или во трката за трошење” со НАТО бидејќи тоа ќе биде штетно за економијата на земјата.
– Претседателот Владимир Путин повеќе пати истакна дека ние дејствување на поинаков начин, рече Песков.
Путин вчера изјави дека проширувањето на НАТО и јакнењето на неговата воена инфраструктура во близина на руските граници ја загрозува безбедноста на Русија.
Лидерите на НАТО собрани на самитот во Лондон денеска се обидоа да ги намалат своите разлики и инсистираа на тоа да останат обединети за безбедносните прашања и решени да се бранат едни со други и покрај серијата расправии меѓу претседателите на некои од најголемите земји членки на Алијансата.