Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски беше во работна посета на Workfashion и Енерго систем. При оваа посета, градоначалникот Филип Темелковски со раководствата на фирмите кои егзистираат на територијата на Општината разговараше за потребите на правните субјекти, за патната инфраструктура и за изнаоѓање на решенија за одредени комунални проблеми.
Од страна на претставниците на истите, градоначалникот детално беше запознат и со дејноста што ја вршат. Имено, фирмата Workfashion е странска инвестиција која почна со работа оваа година и во моментов истата го зголемува капацитетот на производство.
Во насока на подобрување на условите во општината, градоначалникот Филип Темелковски и во иднина ќе продолжи да се среќава со бизнис заедницата.