Брзите измени на Законите влеваат несигурност кај компаниите и граѓаните 

 – Честото менување на законската регулатива и ефектите од промените особено во даночните закони врз стопанството, најавата за нова глобална економска криза во 2020г, како и актуелната состојба во сметководствената дејност, беа во фокус на прес конференцијата на Комората на сметководители во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Претседателот на Комората на сметководители  Драган Митковски истакна дека брзите промени во даночната регулатива го зголемуваат ризикот во работењето и го оневозможуваат ефективното даночно планирање на компаниите. Тие се пречка за водење на бизнисот и предизвикуваат несигурност со што го забавуваат растот на економијата, создаваат незадоволство кај граѓаните и директно влијаат на зголемување на сивата економија.

Треба да знаете
Последни објави