– Уметничките дела создадени на годинашната, седумнаесетта по ред Меѓународна ликовна колонија “Карпино” од вечерва се изложени во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Делата, вкупно 28, се работени во техника масло на платно, акрил и колаж.
– Изложбата премиерно беше претставена пред кумановската јавност, на денот на ослободување на градот, по повод 500 години од ослободувањето на Куманово, а ова е прво гостување на изложбата низ центрите за култура и галерии во државата. По една недела во НУЦК Крива Паланка, делата ќе бидат претставени на изложби во Кочани, Виница, Струмица. На овогодишната колонија што традиционално траеше една недела, во ресторан “Грација”, учествуваа петнаесет уметници од Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Италија и од нашата држава, а меѓу нив и една уметница од Крива Паланка, Христина Стојчевска, изјави Валентина Илијевска, координатор на ликовната колонија “Карпино”.
Учесниците на колонијата творат по мотиви и инспирација од манастирот Карпино. На изложбата преовладуваат интересни и уникатни уметнички дела со мотиви и креација на перцепцијата на сликарите од различни стилови, а има и дела инспирирани од посетата на историскиот локалитет „Камени кукли” во селото Куклица, Кратовско.