Претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ денеска во Љубљана изјави дека влада на државно ниво во БиХ, ако работите се одвиваат како што треба, ќе се формира пред Нова година.
– Се очекува БиХ да има нов Министерски совет формиран на крајот на оваа година или на почетокот на следната … Јас сум оптимист дека ќе ја завршиме оваа работа како што беше планирано, рече Комшиќ на заедничката прес-конференција по разговорите со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Комшиќ, Шафик Џаферовиќ и Милорад Додик од денеска престојуваат во дводневна официјална посета на Словенија.