Судија од пoкраината Салта во северозападна Аргентина му забрани на еден навивач на Бока Јуниорс да оди на натпревари на неговиот омилен клуб сè додека не ги плати заостанатите алиментации на неговата поранешна сопруга.
„Обвинетиот, г. Хуго Федерико Суарез, …Не смее да присуствува на натпреварите на Бока Јуниорс, сè дури тој не ја плати целата сума на заостанатите долгови”, се вели во официјалното соопштение од судот, објавено и од Аргентинската фудбалска федерација.
Обвинетиот не плаќал алиментација цела измината година, што ја натера неговата поранешна сопруга да покрене тужба, изјави Силвина Карер, адвокатка вклучена во спорот.
– Ова е прва ваква мерка за човек, еден од мнозината коишто не се ни свесни дека децата треба да им бидат пред сè друго, додаде таа.