– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека неговата конзервативна партија Ликуд е „подготвена за избори” додека тој и неговиот противник Бени Ганц, лидерот на опозициската „Цино и бело”, меѓусебно се обвинуваат за застој во преговорите за формирање влада.
Нетанјаху тоа го изјави еден ден откако со Ганц разговараше само 45 минути и не е постигнат напредок во договорот за единство, чиј рок за постигнување истекува на 11 декември.
Доколку ниту еден израелски пратеник во тој рок не обезбеди поддршка од најмалку 61 од вкупно 120 членови на Парламентот, тогаш ќе се распишат нови избори, третпат за помалку од една година.
Ниту Нетанјаху, ниту Ганц не успеаја досега да состават влада, но и едниот и другиот јавно изјавија дека не сакаат трети избори.
– Нема помрднување ниту еден милиметар. Ние предложивме се, за да гарантираме владата на единство да биде стабилна, но тие едноставно го отфрлаат тоа, истакна Нетанјаху, оценувајќи дека Ликуд е подготвен за избори доколку нема друг излез и очекува да победат.
Ганц одговори дека премиерот не нуди ништо ново и на таков начин не се водат преговори.