– Словачкото Министерство за одбрана ќе исплати 14-та плата, поголема за 50 отсто од стандардната и тоа и на цивилите во Министерството и на професионалните војници за извршување на нивните должности на многу високо ниво, изјави денеска портпаролката на Министерството, Данка Чапакова.
Истите услови за исплата на 14-та плата важат и за сите лица ангажирани во државниот и јавниот сектор, а исплатата на 14 плата, но и на 13 за 2018 и 2019 година почнува веднаш откако ќе се донесат соодветните законски одредби, пренесе словачката агенција ТАСР.
Исплатата на 14-та плата се однесува на околу 20.000 професионални војници и цивилни службеници во Министерството за одбрана.