Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година „Титаник 3″ се одложи за 29 јануари 2020 година. За денешното рочиште не беше обезбеден сведокот кој има пријавено живеалиште во Германија.
Судот на минатото рочиште даде налог доколку не може да се обезбеди негово лично присуство, сведокот да биде сослушан преку видео конференциска врака, но и тоа не се реализираше.
Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
Постапката почна одново на 15 март годинава по именувањето на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. Застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.