Француските производители на шампањ лути поради американските такси

Француските производители и извозници на шампањ јавно ја осудија заканата на американската влада дека ќе ги зголеми тарифите до 100 проценти за низа француски производи, вклучително и пенливи вина, велејќи дека тие немаат никаква врска со спорот на САД и ЕУ и ја повикаа владата да им помогне.

Овие казнени мерки следуваат по новиот француски данок на дигиталните услуги за кои Вашингтон тврди дека ќе им наштетат на американските технолошки компании.

„Можеме да разбереме различни ставови, но шампањот не е поврзан со тоа. Се плашиме дека ќе ги сносиме последиците од политиката што е над нас “, изјави директорот на една од компаниите за „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави