Црногорскиот премиер Душко Марковиќ, пред самитот на лидерите на Алијансата, рече дека состанокот на сојузниците е добра можност Црна Гора да ја потврди нејзината припадност кон Алијансата.
– Пораките што ги очекувам се за унапредување на политиките на НАТО во однос на зајакнување на неговата способност да придонесе за мирот и стабилноста, рече Марковиќ.
Како што нагласи, Балканот треба да биде на агендата на состанокот.
– Ова е можност Алијансата да покаже дека останува посветена на политиката за проширување. Пример е пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, истакна Марковиќ.
Тој смета дека овој датум ќе го зајакне и капацитетот на Алијансата како политички и безбедносен глобален актер во иднина.
На прашањето на новинарите дали Балканот ќе биде тема што треба да се дискутира на состанокот на лидерите, премиерот на Црна Гора одговори во потврдно.
– НАТО сигурно ќе ја потврди својата заложба за Западен Балкан и нејзината политика за проширување кога станува збор за Западен Балкан. Денеска Северна Македонија е присутна на самитот, рече Марковиќ.