Речиси 90.000 граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од државјанството досега, а властите се загрижени дека од година во година примаат се повеќе барања за испис од матични книги на државјани.
Министерството за цивилни работи на БиХ официјално потврди дека 88.123 од нејзините граѓани се откажале од државјанството уште од воените години.
Портпаролката на одделот, Зорица Руj, потврди дека загрижувачки се зголемува трендот на откажување од пасошите, тврдејќи дека вкупно 3.735 лица се откажале од своето државјанство од 1 јануари до 3 декември годинава.
Во 1996 година од државјанството на БиХ се одрекле од само шест лица, во следните неколку години тој број беше двоцифрен, за да достигне илјадници вакви барања оваа година.
Според Министерството, повеќето поранешни граѓани на БиХ станале Германци, Австријци, Словенци, Норвежани, Чеси.
Во процесот на одрекување од државјанството во БиХ, од апликантите не се бара да ги наведат причините зошто го прават тоа, но во неформални дискусии тие најчесто го наведуваат правото на сопственост на недвижнини, полесно патување, придобивки од студирање во странство и генерално поголеми права во земјите каде живеат.