– Босна и Херцеговина по полноќ ја презема контролата над својот воздушен простор.
На полноќ БиХ ја презема контролата над својот целокупен воздушен простор, што значи дека небото над БиХ веќе нема да го надгледуваат Србија и Хрватска, туку Агенцијата за давање услуги во воздушната пловидба (БХАНСА), која сега ги контролира летовите на височина до 10.000 метри.
Оваа Агенција во изминатите пет години интензивно работела за официјално вечерва, точно во 1:20 по локално време, ја презема контролата над воздушниот простор. Меѓу контролорите на летање се наоѓаат 39 искусни контролори, школувани во најреспектабилните европски центри, како и нови, 21 контролор, кои минале обука во Финска, Загреб и Белград, јави порталот Кликс. Во следниот период, дополнителни 11 контролори ќе се обучуваат во Словенија.
Во најоптоварениот ден за време на летната сезона, контролорите во БиХ досега имаа 200 авиони, додека следното лето ги очекуваат по 1.600 авиони дневно. Според европските стандарди, еден контролор не смее да има повеќе од 15 авиони на врска во исто време.